ПЕНДАРОВСКИ ПОБАРА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ НА ЏАМБАСКИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИТЕ!

јануари 24, 2023

Предлог за забрана за влез во државата на еден пратеник од Бугарија дал претседателот Стево Пендаровски, откри тој по седницата на Советот за безбедност во вилата Водно.

Пендаровски, напоменувајќи дека тој според неговите надлежности може само да предложи ваква мерка, рече дека предлогот за забрана на влезот во Македонија се однесувал на повеќе лица од Бугарија, меѓу кои и еден пратеник.

На седницата на Советот за безбедност се зборувало за состојбата на Косово и во Украина, но и за актуелните случувања во односите со Бугарија, рече Пендаровски.

Според претседателот, на 4 февруари се очекува организирана група од Бугарија да пристигне во земјава на одбележување на годишнината од смртта на Гоце Делчев. Претседателот рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки – од границата, сѐ до гробот на Гоце Делчев во скопската црква Свети Спас.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: