ПАЗАРЏИИТЕ ВО „ГЛОБАЛ“ СЕ ЖАЛАТ: „ОВА Е СРАМОТА НИ ЈА ИСКЛУЧИЈА СТРУЈАТА“, „КОМУНАЛЕЦ“ СО РЕАКЦИЈА ДО ПАЗАРЏИИТЕ!

јануари 30, 2019

До редакцијата на Струмица Денес пристигна информација од повеќе граѓани кои се корисници на тезги во Градскиот пазар во склоп на Г.Т.Ц„Глобал“-Стурмица дека кога утрово кога отишле на работа им била исклучена електричната енергија.

„Добро утро, сакаме да ве информираме дека  откако пазарџиите дојдоа на работа утрово, електричната енергија им беше исклучена. Не можат да работат ни вагите, немаме услови за работа, ова е срамота“.

Од „Комуналец“-Стурмица исто така испратија реакцијa:

„Реакцијата на поединци, корисници на тезги во Градскиот пазар во склоп на Г.Т.Ц “Глобал“ Струмица, кои излегоа со тврдења дека се обесправени и на кои денес поради неовластено користење и злоупотреба на електрична енергија, со одлука на Управниот орган на одделението “Управување со пазари“ при ЈПКД “Комуналец“ и беше оневозможена. Потенцираме дека користењето на електрична енергија на тезгите во Градскиот пазар, е надвор од месечната наемнина за истите, а се пресметува паушално земајки ја во предвид дејноста на корисниците, квадратурата и приклучените електрични апарати. Останатиот дел на корисници кои регуларно имаат склучено договор за користење на електрична енергија продолжија со непрекинато извршување на својата дејност.“

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: