OТВОРЕН НАСТАН: ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ПРВАТА АКАДЕМИЈА ЗА WORDPRESS ВО СТРУМИЦА СО ВРАБОТУВАЊЕ ВО SMARTCLICK

јануари 18, 2023

Заинтересиран/а си за промена на кариера во ИТ индустријата, или пак размислуваш за надградба на твоите вештини кон нешто што е во голема побарувачка и атрактивно? Ова е настанот на кој треба да си присутен/присутна на 8-ми февруари, среда, во просториите на Дом на АРМ во Струмица!

SMX заедно со тимот од SmartClick организираат 6-месечна Академија каде најдобриот учесник од Академијата ќе има можност веднаш да се вработи како WordPress Developer во SmartClick со рефундирање на половина академија!

По тој повод, на отворениот настан ќе бидат одговорени многу прашања кои заинтересираните имаат да ги постават, и воедно присутните ќе можат подобро да се запознаат со организаторите на оваа Академија и можностите кои се нудат како WordPress Developers.

Зошто Full-stack Академија за WordPress?

Да се биде WordPress Developer значи многу повеќе од употреба на готови темплејти и plugins за изградба на една веб страна.

WordPress Developer треба да знае како целосно да изгради една веб страна од аспект на front-end и back-end, употребувајќи ги соодветните програмски јазици.

Во моментов оваа работна позиција е една од најбараните, и најплатените!

Ве покануваме сите заинтересирани за започнување на IT кариера или унапредување на постоечката да дојдете на 8-ми февруари, среда, во просториите на Дом на АРМ во Струмица!

ВАЖНО: Поради големиот интерес за настанот, сите заинтересирани што сакаат да присуствуваат треба да пополнат кратка форма.

Повеќе за академијата може да прочитате ОВДЕ!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ