Во книжарниците на Просветно дело побарајте ги водичите со кои ќе ги откриете тајните за забавување на процесот на стареење, за останување во здрава форма, за здрав начин на исхрана и за зрачење позитивна енергија.
КАКО ДА ОСТАНЕМЕ МЛАДИ? – Современата жена сака да биде „вечно“ млада. А, како да го постигне тоа? Се разбира со редовна нега, со избор на природни и еколошки намирници, со напивки кои хидрираат и ревитализираат, со редовна физичка активност која го држи телото во кондиција! Рецептите и советите дадени во оваа книга се темел на 25- годишното искуство на авторката Анурадха Гупта.
ПО 40-ТАТА ГОДИНА – Кога сме свесни за работата на сопственото тело може да се преземат и конкретни чекори со кои може да се надеваме на зачувување на здравјето и водење здрав живот. А, зошто по 40-тата? Затоа што тоа е преодна граница – почеток на староста, т.е. старост на младост. Токму тоа се годините кога се преземаат конкретни чекори- прочитајте и дознајте!
ВИТАЛНИ И МЛАДИ – 25-годишното искуство на авторот д-р К. Панда во полето на натуропатијата, јогата, акупресурата и магнетната терапија е изнесено во овој наслов. Јогата е целосна наука за животот што ги вклучува телото, умот и духот. Претпочитајте јога и потпрете се на овој водич за целосна хармонија со себеси и средината.
ПОЗИТИВНИ ЕМОЦИИ – Успехот на секој поединец е кога ќе го постигне највисокото основно емоционално и духовно ниво. Овде се наведуваат седум психички состојби како резултат на 63 различни причини. Откријте ги
365 ДЕНА ЗДРАВЈЕ – Практичен прирачник за подобрување на здравјето. Ако го сублимираме сето горенаведено, и ако водиме грижа 365 дена во годината за своето тело и исхрана, тогаш се надеваме на добро ЗДРАВЈЕ!
Уживајте читајќи ги прирачниците и откријте нови димензии кои за вас можеби не биле доволно блиски. Претпочитајте совети и предлози кои ќе ви помогнат и да надминете некои стресни и негативни периоди во вашиот живот!