Општина Струмица за првпат обезбедува лични асистенти кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот.
„Грижата е тие да се образоваат, а не да им бидеме само друштво, туку да ги вметнеме во образовниот процес, да успееме да им помогнеме во социјализацијата со другите дечиња и да се чувствуваат исто како и нив, затоа што тоа го заслужуваат“ – објави градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов.