ОПШТИНА СТРУМИЦА: ПРИЕМОТ НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКИТЕ СЕ ВРШИ ДО 8:30 ЧАСОТ, А ЗЕМАЊЕТО НА ДЕЦАТА ОД 16:00 ДО 17:30 ЧАСОТ!

ноември 9, 2019

Децата се нашето најголемо богатство и затоа го имаат нашиот приоритет. Како Општина, посебно внимание посветуваме во нивниот ран развој, односно, во нивното згрижување и воспитување во предучилишните установи. Освен престојот, негата и исхраната, во нив се поттикнува и интелектуалниот и социјалниот развој преку разни форми, затоа е многу важно децата да бидат вклучени во сите дневни активности утврдени според Програмата за остварување на дејноста.

Општина Струмица ги известува родителите чии деца се згрижени во сите клонови на градинката „Детска радост“ дека приемот на децата се врши до 8,30 часот, а земањето на децата од 16 до 17,30 часот.

Приемот и земањето на децата од градинка е регулирано според Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца, а произлезен од Законот за заштита на деца (Службен весник на РМ 23/2013 и 12/2014) и Одлуката на Советот на општина Струмица бр.08-4154/1 од 23.06.2017 година со која што се утврдува почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ „Детска радост“, а според која работното време на детската градинка започнува во 5,30 часот и завршува до 17,30 часот.

Општина Струмица апелира до вработените во градинката и родителите да го почитуваат утврденото работно време и да го дадат својот максимален влог во згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишна возраст.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ