Штабот за заштита и спасување на општина Струмица го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК:
Согласно Задолжението на Владата на Република Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги стават на располагање своите маркети со цел обезбедување на НАЈНЕОПХОДНИТЕ НАМИРНИЦИ И ТОА ИСКЛУЧИВО ПРЕКУ ОНЛАЈН НАРАЧКИ, а согласно приоритетните барања на граѓаните за времетраењето на престојниот викенд 25.04. и 26.04. 2020 година (сабота од 15 часот до 5 часот во понеделник) своите ПРИЈАВИ да ги достават на следната е-маил адреса: info@strumica.gov.mk.
Рок за достава на пријавата е до 24.04.2020 (петок) до 11 часот.
Во пријавата потребно е да се наведе целосен назив на фирмата.
Економскиот оператор потребно е лицето кое ќе ја врши доставата да го најави во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено да ја врши доставата за време на забраната за движење.
Старите и изнемоштени лица да ги користат телефонските броеви на волонтерите на општина Струмица (071 345 901, 075 271 710) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош во пазарување на основни намирници и лекови, како и плаќање на сметки.