Home

Perdormire
Струмица

ОПШТИНА СТРУМИЦА И „КОМУНАЛЕЦ“ ПРОДОЛЖУВААТ СО ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА: ЗАСАДЕНИ НОВИ И ОБНОВУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ДРВОРЕДИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ!

Home

Големата пролетна акција на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Општина Струмица продолжи со садење на нови и обновување на постоечките дрвореди на улиците „Ристо Ќурчиев“, „Мара Минанова“ и „Ката Поцкова“. Работната единица од одделението „Управување и одржување на јавно зеленило“ на овој дел од градот засадија висококвалитетни листопадни садници од сортата јавор.
Истовремено, деновиве се врши и подготовка на зелените јавни површини на територијата на Општината за пролетното хортикултурно уредување. Вакви подготовки се вршат на теренот на „Стариот кружен тек“ и „Паркот на бежанците“.
Акцијата е во рамките на Годишниот план за дополнително уредување и разубавување на градот.