strumica denes logo

Општина Струмица ги чисти одводните канали во Муртино!

Автор:

Датум:

април 17, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 17, 2018

Категории:

Струмица

Општина Струмица продолжи со чистењето на одводните канали за прифаќање на атмосферските води во населените места. Деновиве се работи во населното место Муртино. Чистењето се врши машински со механизација на АД Водостопанство на Македонија – подружница Струмичко поле, а во чистењето е вклучено и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Чистењето на каналите како превентивна мерка од можни поплави во изминатиот период се реализираше и во уште неколку населени места, а ќе продолжи и во останатите каде што има потреба од чистење на каналите.