Општина Струмица формираше Координативно тело за имплементација на проектот „Планирање на одржлива мобилност (ПОУМ) во општина Струмица!

февруари 12, 2020

Планирањето на мобилноста на локално ниво е замислено како алатка со која локалните самоуправи ќе го подигнат нивото на планирање во областа на урбанизмот и сообраќајот од една страна, а од друга ќе им помогнат на граѓаните да се издигнат на ниво на повисок ранг според мерките за одржлива економија и напредна технологија, пристапност, функционална полицентричност и развиен урбан идентитет.

Ваквото планирање е наметнато поради големата урбанизација која како процес уште во првата деценија од 21 век го помина прагот од 50% население кое живее во градовите и има тренд на понатамошен раст, па се верува дека до 2050 година во градовите ќе живее 70% од населението.

Поради современиот начин на живот, многу градови се соочуваат со штетното влијание на сообраќајните процеси пресликано низ автоцентричноста, сообраќајниот метеж, низ недостаток на места за паркирање и зелени површини, што, пак, сè заедно влијае на економските, еколошки и здравствени аспекти на општеството (животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните).

Во Република Северна Македонија, општините се погодени од депопулација и демографско стареење, регионални диспаритети, проблеми со урбаната култура, проблеми со културата на безбедноста во сообраќајот, проблеми во врска со заштитата на животната средина, вклучително и климатските промени. Исто така, на национално ниво е препознаена проблематиката на бесправна изградба и слаба техничка и социјална инфраструктура.

Со цел да се намалат тие разлики и да се подобри состојбата на терен, потребни се заеднички напори на јавните чинители на сите нивоа на локалната власт, како и учество и на приватниот и на невладиниот сектор.

Во општинското Координативно тело за имплементација на проектот, формирано по иницијатива на ЗЕЛС и ГИЗ, се вклучени јавни чинители на сите нивоа на локалната власт, како и претставници од приватниот и невладиниот сектор.

Првата работна средба беше одржана минатата недела, а на истата беа претставени членовите на телото и презентиран проектот „Планирање на одржлива мобилност (SUMP – ПОУМ) во општина Струмица“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ