Home

Perdormire
Струмица

Октомвриската пензија ќе се исплаќа од 26 октомври!

Home

Пензионерите со средствата од октомвриската пензија преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа ќе можат располагаат од 26 октомври, а готовинска исплата на пензии за оние кои не користат платежни картички ќе се врши од 26 до 29 октомври.

-Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 октомври 2021 година. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 октомври 2021 година, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 октомври (вторник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 27 октомври (среда), за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 октомври (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари исплата да се изврши на 29 октомври (петок).