Околу 200 ученици од Струмица го изучуваат кинескиот јазик!

јуни 3, 2022

На средбата на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов со Амбасадорот на НР Кина во Република Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо во февруари годинава, беше разговарано за организирање на курсеви по кинески јазик за учениците од училиштата во надлежност на општина Струмица.

Бесплатни он лајн курсеви по кинески јазик се реализираат од почетокот на месец мај за околу 200 ученици од основните и средните училишта од општина Струмица од страна на висококвалификувани наставници од Институтот „Конфуциј” при УКИМ.

Исто така, учениците имаат можност да се запознаат со различни аспекти на кинеската култура преку настаните кои Институтот ги организира по повод кинеските традиционални празници, културни манифестации, предавања и промоции.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: