ОХРИД 1 ПИШУВА: Шампионска кражба во Охрид – струмички музичари украле теписи од хотел каде свиреле на свадба

септември 19, 2022

Музиканти од Струмица кои имале ангажман во хотел во Охрид, кога ја собирале музичката опрема ги украле и теписите. Заедно со опремата ги ставиле во комбето. Оваа кражба била евидентирана на видео надзорот. Менаџерите на хотелот им кажале дека имаат видео доказ дека ги украле теписите и доколку не сакаат да ги пријават во полиција истите веднаш да ги вратат.

Така оваа шампионска кражба остана не пријавена во СВР Охрид, а теписите се повторно на своето место.

ИЗВОР: ОХРИД 1

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: