strumica denes logo

ОФИЦИЈАЛНО: ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 20:00 ЧАСОТ И ЗАТВОРАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ!

Автор:

Датум:

април 5, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 5, 2021

Категории:

Струмица

Сите угостителски објекти ќе можат да работат само со достава и нарачки, но гости не смеат да примаат.

– Целосна забраната за посетители и гости во кафетерии, ресторани, барови и клуови и други објекти кои во склоп на истиот кои даваат угостителски услуги, хотели, мотели, хостели и други објекти за сметување, безнински станици, а оние кои вршат подготовка и продажба на храна можат да продаваат онлајн и со телефонски нарачки и сите заедно да вршат достава или да овзоможуваат самостојно подигнуваљње на нарачката почнувајќи од 7ми април среда до 20 април 2021 година, рече премиерот Заев.

Исклучок од ова се угостителски објекти на аеродромите во Скопје и Охрид и угостителски објекти во сместувачки капацитети, хотел, мотел, хостел, пансион и други објекти за лица сместени во овие ојекти.

Се воведува и целосна забрана за гости во угостителскиот дел на обложувалниците.

– Целосна забрана за гости во сите обложувалници односно приемот на посетитлеи и работа на обложувалниците исклучиво на шалтерска услуга, пунк, односно угостителскиот објект во обложувалниците и казината да биде затворен за псоеттели од 7ми април среда до 20 април 2021, информираше премиерот.

Од утре се воведува и целосна забрана за сите вежбални, фитнес клубови и сали.

Се забранува организирање, одржување и присуство на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви конференции и други настани од ваков вид од вторник до 20 април.