Home

Perdormire
Политика Струмица

ОФИЦИЈАЛНО: Доналд Трамп повторно ќе се кандидира за претседател на САД!

Home

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ја потполни целата документација и ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во 2024 година.

Трамп, кој таа должност ја исполнуваше од 2017 до 2021 година, ќе се обиде да дојде на местото на Џо Бајден, за кого кажа дека ги донел САД блиску до нуклеарна војна.

„Да ја вратиме Америка“, кажа Трамп пред неговите обожаватели.

„Во кратките четири години на сите им беше супер. Сите просперираа. Нашата економија се опоравуваше кога ја напуштив позицијата, а сега сме нација во пад. Бајден ги доведе САД на раб од нуклеарна војна со своето ракување со конфликтот во Украина. Дури и ракети веројатно од Русија, завршија во Полска. Луѓето се лути, не се среќни“, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател истакна дека ќе се бори за победа и дека Америка ќе ја направи одново „голема и сјајна“.

За 76-годишниот Трамп, тоа ќе биде трета кандидатура за претседател. Во 2017 победи, а во 2021 изгуби од сегашниот претседател Џо Бајден.