ОД СДСМ ВЕЛАТ: Штом стапне во Македонија, Никола Груевски ќе оди во затвор!

октомври 16, 2023

Ова е изјава на портпаролот и пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, во комантар на на изјавата на Бујар Османи дека најдобро би било Груевски да се врати во земјава и да се соочи со правдата, наместо информациите што ги има да се во рацете на друга држава.

На ова, од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека тоа само ги потврдува нивните тврдења за комуникацијата меѓу ДУИ и Груевски.

„Ова само ги потврдува фактите за комуникацијата на ДУИ коишто ги споделивме со јавноста“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ пренесува ТВ21.

Лидерот на Демократско Движење, Изет Меџити, во изјава за „Лајм“ покрена прашање дали Бујар Османи и другите се подготвуваат Груевски да се врати во Скопје на 23 октомври, денот на ВМРО?реклама

„…и лично сум мислел дека ДУИ од 2016 година ги разделила патиштата со режимот на Никола Груевски, за жал Бујар Османи потврди дека тајно одржале комуникација, се помагале меѓусебе и Бујар Османи уште еднаш потврди дека работат за да се врати Груевски, поради таа причина се направија измените на Кривичниот законик, за таа причина зборуваат за Законот за амнестија, само и само да биде во функција на враќањето на Груевски.“, вели Меџити.

Според министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поранешниот премиер Груевски треба да биде во Македонија и да се соочи со правдата бидејќи има важни информации кои можеби се во рацете на друга држава, навестувајќи дека безбедноста на државата е загрозена од отсуството на поранешниот премиер, кој добил азил во Будимпешта.

„Од политичка гледна точка, тоа е прашање кое ќе се злоупотребува, но од безбедносен аспект, да имаш еден премиер кој беше во таа функција повеќе од 10 години и ги имаше сите информации за државата и е во рацете на една друга држава, тоа не е добро за ниту една држава.“, изјави Османи.

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи пред неколку дена за ТВ21 изјави дека треба да има помирување, но не и простување за постапките на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ