Од први јули 98,8% од домаќинствата ќе плаќаат 7,4% повеќе!

јуни 30, 2022

За 98,8% од домаќинствата струјата ќе поскапи во просек за 7,4%. Домаќинствата ќе бидат поделени во четири тарифни блока зависно од тоа колку струја ќе потрошат.

Според пресметките на РКЕ, 77% од домаќинствата ќе плаќаат поскапа струја за 6,7% во лето.

Најмало зголемување од 5,5 отсто ќе имаат од првиот блок, оние кои трошат до 210 киловати, а најголемо и до 140 отсто ќе добијат оние од последниот блок чија потрошувачка надминува 1.050 киловати.

Минимално поскапување ќе има и кај евтината струја.

Доколку не се воведеа новите тарифни модели, тогаш сметките за струја ќе беа повисоки за речиси 18%, вели првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој додава дека енергетските компании побарале поголемо покачување на цената на електричната енергија, со што тие би добиле поголем дел од заработката, но, нивните барања се целосно одбиени, заклучува Бислимоски. Инаку, евтината тарифа останува и таа ќе забележи покачување за околу еден денар.

Правилно се постапи со новиот тарифен модел за струја

Се постапи правично со новиот тарифен модел и блоковите и се спречи линеарното зголемување на цените на струјата за сите. На овој начин оправдана е основата мотивација на РКЕ тој што троши повеќе, да плати повеќе. Дилема остава што се дадоа процентуалните зголемувања, но не се дадоа цените во секој поединечен блок. Мене проблем ми дава старната базна тарифа, со кој коефицент на корекција ги менуваме цените од прв, втор, трет и четврти блок, вели универзитетската професорка Даниела Бојаџиева во емисијата „Топ тема“, околу новата цена на струјата и тарифните модели преку четирите блокови.

Според неа, недоумица е колку ќе чини цената во ниската тарифа.

-Новата цена на ефтината тарифа ќе биде 3,99 денари и ќе остане за сите блокови, но во пресметката што ќе се прави на калкулаторот, дали ниската тарифа ќе биде пресметана од цена од 3,99 денари. Го прашувам затоа што симулациите се држеа на соодносот 1 спрема 2. Сега изгледа дека нема да се одржи, додава Бојаџиева.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ