Од први февруари се забрани лов на дива свиња

февруари 3, 2023

Покрај основните дејности, Јавното претпријатие врши и други дејности, кои се во врска со основните, а кои придонесуваат за подобро искористување на капацитетите, а тоа се лов и ловен туризам, одгледување на дивеч, собирање и доработка на други шумски производи.

Според Законот за ловство, 31-ви јануари беше последниот ден за лов на дива свиња, информира Ловечката Федерација.

Ловот на дива свиња е завршен, бидејќи влегуваат во период кога на дивечот му треба мир, за неговата природна репродукција.

-Во меѓувреме, ќе се организираат хајки за штетен дивеч, за да се заштити популацијата на младенчињата на полезниот дивеч. Потоа, следува редовното пролетно пребројување и повторно подготовки за новата ловна година, во двете ловишта за крупен дивеч со кои располага Јавното претпријатие „Национални шуми“, на вкупна површина од 23.330ха.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ