Perdormire
Струмица

ОД ЈУНИ: РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕСТАВРАЦИЈА НА ЦАРЕВИ КУЛИ, ОСВЕТЛУВАЊЕ НА БЕДЕМИТЕ И КУЛИТЕ, ДОУРЕДУВАЊЕ НА ТРИМ ПАТЕКАТА ДО СВ.ИЛИЈА, ИЗГРАДБА, УРЕДУВАЊЕ И ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ЛОВЕН ДОМ-ЦАРЕВИ КУЛИ И УРЕДУВАЊЕ НА ПЛАНИНСКО ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ЧАМ-ЧИФЛИК-СВ.ИЛИЈА!

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска го потпиша договорот за грант од Европската унија и Владата на Република Македонија за реализација на неколку капитални проекти кои ќе се спроведат во општина Струмица во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност и тоа:

– Реконструкција и реставрација на Цареви кули

– Осветлување на бедемите и кулите на тврдината Цареви Кули

– Доуредување на трим патеката Ловен дом – Св. Илија

– Изградба, уредување и осветлување на пешачка патека Ловен дом – Цареви Кули

– Уредување на планинско велосипедска патека Чам-чифлик – Св. Илија

Овие капитални проекти ќе започнат да се реализираат во почетокот на месец јуни и имаат за цел надградба на туристичката понуда на општина Струмица, заштита на културно-историското наследство, подобрување на пристапноста и туристичката инфраструктура, но и создавање на подобри и побезбедни услови за граѓаните на општина Струмица за спорт, рекреација и прошетки на ридовите над градот.

Иако овој период овие активности се ограничени заради спречување на ширењето на корона вирусот, многу брзо, по нормализирањето на состојбата во државата ќе ќе создадат пријатни услови за дружење, прошетки во природа и подобрување на физичкото здравје на граѓаните.