ОБЈАВЕНИ НАБАВКИ СО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ОБНОВА НА „ГЛОБАЛ“

февруари 7, 2021

Здружението на граѓани ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, заради исполнување на целите и програмите на здружението како и со примена на начелата на фер, законитост и транспарентност, спроведува постапка пред сите заинтересирани лица и пред пошироката јавност во Република Северна Македонија за набавка со јавно наддавање, која ќе се одржи на ден 13.02.2020 година во 19:30 часот. Со спроведување на наведената постапка ќе се доделат договори за набавка на материјали и опрема како и за изведување на градежно и градежно-занаетчиски работи во ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица во врска со штетата предизвикана од пожарот кој се случи во ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица на ден 02.01.2021 година.

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат интерес за учество на јавниот повик да достават писмено барање на email на здружението: globalobnova@yahoo.com за запознавање со условите и заради добивање на сета потребна документација за учество на јавното наддавање, или да го контактираат Претседателот на здружението Стојан Манев: 075/283-103.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ