„НОВУС“ почна со реализација на проектот „Иницијатива за социо-економско зајакнување на младите од Струмичкиот регион“

мај 27, 2022

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ го имплементирапроектот „Иницијатива за социо-економско зајакнување на младите од Струмичкиот регион “кој е регрантиран од ИПА II проектот „EmployYouth е спроведуван од страна на Фондацијата „Ана и Владе Дивац“ од Србија и Младински Сојуз Крушево како пертнер од Северна Македонија. Проектот e спроведуван во земјите од Западен Балкан (Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) и Турција. Главна цел на проектот „Иницијатива за социо-економско зајакнување на младите од Струмичкиот регион“ е создавање можности за социо-економски развој на младите од NEET категории и млади со помалку можности од Струмичкиот микрорегион.

Проектот ќе придонесе кон:

– Подобро разбирање на NEET групата на млади и млади со помалку можности од страна на институциите,

– Утврдување на соодветни мерки и интервенции за подобра интеграција на NEET групата на млади и млади со помалку можности, како и кон ;

– Подобрување на интеграцијата на NEET групата на млади и зајакнување на нивните компетенции и оспособување за пазарот на труд, и подобрување на крос-секторска соработката.

Целни групи на проектните активности се млади кои припаѓаат на NEET категоријата на млади и млади со помалку можности.
Кои се младите од NEET категории на млади?

Во NEET категоријата на млади спаѓаат сите млади кои се:

– Конвенционално невработени (долгорочно иликраткорочно невработени)
– Недостапни (млади со фамилијарни обврски,болни или со попреченост)
– Исклучени (млади кои не бараат работа илиобразование, а не се спречени од други обврски)
– Трагачи по можности (активни баратели, ночекаат вистинска прилика)
– Доброволни NEET (патуват, или се занимаваатсо музика, уметност и самообразување)

Кои се млади со помалку можности?

Млади со помалку можности се млади лица на возраст од 15 – 29 години кои ги исполнуцаат еден или повеќе од седумте фактори на исклучување: попреченост, здравствени проблеми, образовни тешкотии, културни разлики, економски пречки, општествени пречки или географски пречки

Очекуваните конкретни резултати на проектот ќе придонесат конпромоција на младинско вработување со фокус на NEET категориите и младите со помалку можности да бидат препозаени во општеството, стимулирање на нивните потенцијали и професионална ориентација, како и утврдување на нивните потреби за пазарот на труд, а сето тоа пак ќе придонесе кон поттикнување на социо-економски развој и положбата на младите во заедницата. Исто така конкретните очекувани резулатати ќе ја подобрат состојбата на целните групи и преку нивно вмрежување, социјализирање и промоција на нивните капацитети пред Бизнис Секторот, а воедно и ќе ја подигнат нивната свест за граѓанско учество.

Вкупнатавредност на регрантираниотпроектизнесува 9970 евра.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ