НОВО ВО СТРУМИЦА: Најголемиот регионален малопродажен ланец за производи за домот Comodita Home отсега и во Струмица!

септември 16, 2020

Во петок (18 септември) Comodita Home ја отвора тринаесетата продавница во Македонија, во Струмица. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продавницата е лоцирана во новиот Retail Park – One Stop Shop.

Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 2999 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, чаршафи, прекривачи за кревет, бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст.

За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, посебно за оние кои сакаат да набават нова перница, Comodita Home ја креираше најдобрата понуда на пазарот. За само 555 денари ќе може да набавите 5 класични перници Gold Memory.
Дојдете во петок на 18 септември во 12 часот и откријте ги сите изненадувања, понуди и попусти на големото отворање на продавницата на Comodita Home во Струмица, во Retail Park – One Stop Shop.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: