Perdormire
Струмица

(НОВО) САМ СЕ ЈАВИЛ ДЕКА ИМА БOЛKИ ВО ГРАДИТЕ И KAШЛИЦА: Лекapите го тестираат возачот од Струмица – во моментот е во болничка изолација!

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус. Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, кој рече дека возачот сам се јавил и кажал дека има симптоми на кашлица и болки во градите.

Посочи дека возачот на комбето претходно беше во домашна изолација, а пред неколку часа поради симптоми на кашлица и болки во градите кои се појавиле првпат изутрината, е спроведен со целата заштитна опрема во соба за изолација во Општата болница во Струмица.

– Земени се материјали за знализа и тие во следните часови ќе бидат изработени во лабораторија во Скопје, по што ќе ја информираме јавноста. Тој бил сам дома, немал контакти ниту со семејството и сам ја контактираше нашата служба, рече Филипче.
Посочи дека состојбата на пациентката која има коронавирус и натаму е стабилна и е во изолација на Клиниката за инфективни болести.

– Вчера имавме интензивни средби со претставници на Комисијата за заразни болести кои излегоа со препораки, го информиравме и Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи. Денеска Владата го прифати предлогот кој произлезе од оваа институција и донесе заклучок на организаторите на јавни собири да им препорача да ги откажат до 6 март. Нема простор за паника, будно се следи ситуацијата, додаде Филипче.