strumica denes logo

Нови вкусови од веќе проверените лидери во производство на слатки за секаква пригода и повод: Sunday Sweets – и посно и мрсно!

Автор:

Датум:

април 2, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 2, 2022

Категории:

Струмица

Пролетта и убавото време кои ги носи април ни задаваат уште еден предизвик: навреме да се подготвиме за Велигден! Почнуваат поинтензивни дружби на отворено и затворено, почести средби со семејството и пријателите. Но, имате една обврска помалку за овој празник! Не мора да се грижите околу подготовката на претпразниата посна и празничната мрсна, слатка трпеза! Во асортиманот на SundaySweetsќе најдете за секого по нешто! Колачиња, бискоти и секакви слатки!

За празник, за викенд и за секој обичен ден, Sunday Sweets ќе направи куќата да мириса на дом, на домашно направени колачиња, на бабините слатки! Посна гурабија со бели, првокласни, крцкави бадеми, ванилици со сочен џем, кокосови коцки-чупавци… А за оние кои сакаат сирупиранидесертиSunday Sweetsнудатдесетина различни сорти на баклави со јатки и со вишна, чоколадирани и традиционални, со ф’стак и со путер, или пак неизоставната толумба која ја сакаат и стари и млади! Бидејќи празниците се време за семејството – поминувајте помалку време во кујната, а пак, изненадете ги присутните со вкусни, свежи и традиционални слатки задоволства!

Она што е ново во асортиманот на Sunday Sweetsa е неодоливо вкусно: свежи Sundayеклери прелиени со најквалитетното Dorinaчоколадо од Kraš! Чиста радост за љубителите на благо! Со најквалитетни состојки кои се чувствуваат уште при првиот залак, а без конзерванси и додатоци. Еклерите имаат суптилен а впечатлив вкус на домашно приготвен ванила крем кој комбиниран со чоколадниот прелив одDorinaкога ќе го пробате еднаш – ќе го засакате засекогаш! Нека и овие празници бидат во знакот на љубовта, семејството и Sunday Sweets!