strumica denes logo

НОВИ ИНФОРМАЦИИ: УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ ДО 21:00 ЧАСОТ, ЗАБРАНЕТО Е ИСТО ТАКА И ГРУПИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД 4 ЛИЦА ПОСЛЕ 21:00 ЧАСОТ НА ЈАВЕН ПРОСТОР!

Автор:

Датум:

ноември 3, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 3, 2020

Категории:

Струмица

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:

🕘 Се скратува работното време на угостителските објекти 🍽️ до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици ⛽, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите 🛬 во Скопје и Охрид.

❌ На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

⚠️ Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.