Perdormire
Струмица

НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО КУКЛИШ, ОД ДЕНЕСКА ВО УПОТРЕБА!

Коста Јаневски, Градоначалник на општина Струмица:

Со посебно задоволство сум денес во населеното место Куклиш, со цел да ја предадеме во употреба новата детска градинка, наменета за предучилишно образование и ран детски развој за децата од населеното место Куклиш.

Со отварањето на градинки во населените места имаме за цел да создадеме еднаков пристап до предучишно образование за децата во градот и во населените места.

Просторниот капацитет на објектот е димензиониран за 60 дечиња, а средствата за уредување се обезбедени преку ИПА

Програмата на Европската Унија и од Буџетот на општина Струмица.