Нова планинарска патека на Огражден – Од браната Иловица до Преслоп!

октомври 27, 2021

Нова планинарска патека што стартува кај браната Иловица и се протега до местото Преслоп, промовираше планинарскиотспортскиклуб „Маратон“ од Струмица. Патеката со должина од 7,5 километри, според планинарот Митко Крмзов од „Маратон“е од лесен карактер и е достапна за сите љубители на природата од 7 до 77 години. Обележувањето на патеката и изградбата на летниковецот долж стазата за одмор и засолниште, е со поддршка на компанијата Еуромакс, инвеститорот на проектот Иловица – Штука.

„На 10 октомври годинава за првпат организиравме планинарски есенски маршОгражден – Видиковец, Иловица – Струмица. Односно тргнавме по патеката од Брана Иловица, каде елевацијата е 400 метри надморска височина (мнв) и се искачивме до 918 мнв, каде е крајна патека кај местото Преслоп. Учество на овој марш зедоа околу 50 планинари од повеќе планинарски здруженија од Гевгелија, Валандово, Скопје, Неготино, Пробиштип, Делчево, Пехчево. Нашата идеја е ова да прерасне во традиционален настан, што ќе се организира на есен бидејќи патеката е погодна за движење и за време на дожд“, објаснува Митко Крмзов од планинарскиот спортски клуб „Маратон“.

Кога е планирана и обележувана патеката, Крмзов вели дека се водело сметка да има локации каде има убави видиковци, како и места каде може да одморат посетителите. Покрај природната убавина, од оваа страна на Огражден има и повеќе археолошки локалитети, кои се планира да се обележат за да можат планинарите да ги посетат.

„Нашата желба е посетителите да се запознаат со различниот биодиверзитет и археолошко богатство во овој регион. Покрај придобивките од движењето во природата што се подобро здравје и ментално задоволство, како и генерално збогатувањето на квалитетот на животот, сакаме да придонесеме и за едукација на младите, како и на постарите за разновидното богатство што го има во регионов. Поддршката од Еуромаксја сфаќаме како придонес за зачувување на ова богатство преку креирање на можности што повеќе лица да се движат во овој дел од Огражден и е пример што би сакале да го следат и други. Маркирањето на патеките овозможува и да се води грижа за животнатасредина затоа што патеките и околината се чистат и се одржуваат за да може да се користат “, вели Крмзов.

Она што следи е одржување на патеката, но и збогатување на содржините преку воведување на едукативен центар.„Маратон“ Струмица соработува и со Центарот за еколошкаакција и едукација за млади истражувачи – Струмица и Македонско еколошко друштво – Скопје зап одигање на еколошката свест кај младите за придонесот во планинарењето и планинарско образование војугоисточниот регион. Здружението работи на тоа да креираат услови и содржина за што поголем број на граѓани од секоја возраст да се обучат со планинарски знаења и вештини и дасоздадат навика слободното време д агопоминуваат во природа, особено в опланината бидејќи планинарството е форма на активенодмор и рекреација, објаснува Крмзов.

Здружението Маратон е основано 02.04.2007 година и во него членуваатоколу 35 члена од кои активни членови се 25. Организатор е на маршот „Мис Стоун“ што се одржува секоја година во мај, а членовите во текот на годината учествуваат на повеќе планинарски маршови низ Македонија, како и во Бугарија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ