Синоќа несовесни граѓани ја запалија депонијата со што постоеше опасност пожарот да се прошири и кон трафостаницата и далеководот. Градоначалникот на општина Босилово апелира на совесност и одговорност без разлика на мотивите поради кои се пали депонијата затоа што последиците може да бидат сериозни.