НЕСОВЕСНИ „ГРАЃАНИ“ БЕЗМИЛОСНО ЈА УНИШТУВААТ ПРИРОДАТА ВО СТРУМИЧКО – „КОМУНАЛЕЦ“ ИСЧИСТИ ГОЛЕМА ДЕПОНИЈА НА ПАТОТ КОН „ЦАРЕВИ КУЛИ“

април 6, 2023

ЈПКД „Комуналец„ Струмица секојдневно се бори,апелира, укажува дека е потребно да се подигне еко свеста кај граѓаните за подобра и почиста животна среднина.

И покрај можноста да се пријави отпадот на тел број 13-110 и истиот да биде подигнат од дворот на домаќинствата, некои наши граѓани се глувонеми и неписмени, безмилосно го истураат отпадот насекаде уништувајки ја животната средина, поништувајки ја нашата работа и ангажманот на многу групи и здруженија на граѓани кои работат за почиста животна средина.

Како потврда на горонаведеното ЈПКД „Комуналец„ исчисти новонастаната депонија на патот кон Царевите кули.

Повторуваме дека на телефонскиот број 13-110 кој работи 24 часа 7 дена во неделата сите граѓани можат да го пријават својот отпад кој според обемот на работата ќе биде подигнат од дворот.

Да престанеме да фрламе ѓубре насекаде за да можеме да добиеме почиста животна средина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ