Perdormire
Струмица

НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ НА КАРНЕВАЛОТ – ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ГО ПРЕДАДЕ КЛУЧОТ НА КАРНЕВАЛЏИИТЕ!

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, на градскиот плоштад му го предаде клучот на Александар Цицимов – претседател на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал со што и официјално започна годинашното карневалско празнување. Главната вечер на славниот струмички карневал ќе се одржи на 29 февруари за три дена во сабота.