По вчерашните врнежи од дожд, индустриската зона Север целосно беше поплавена. Една од компаниите кои се наоѓаат во оваа индустриска зона ни испратија фотографија на која јасно се гледа дека ова не наликува на улица од 21 век, туку на населба од праисторијата…
„Индустриската зона Север во Струмица која плаќа најскапи комуналии сè уште нема одвод и асфалт, веќе три години го чекаме истиот. Зошто плаќаме? Со брод ли да одиме на работа?“ – реагираше компанијата во порака на Струмица Денес.