НАУКАТА Е НАШАТА ИДНИНА: ВО СТРУМИЦА ОТВОРЕН ПРВИОТ NASA SPACE APPS HUB!

април 28, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на оштина Струмица:

Аирлија Струмицо!

Првиот NASA Space apps HUB е отворен.

Така ние се грижиме за иднината на Струмица.

Новата просторија овозможена од страна на општина Струмица денес официјално ја посети Мартина Димоска, аналогниот астронаут и дел од тимот на Nasa Space App Challenge Mountain View и Cleveland, Стефани Христов, Горазд Христов и Боби Софронијоски.

Просторијата е наменета со цел Nasa Space Apps Challenge со локација во Струмица под водство на Зорица Масникоса-Поп Трајкова да обезбеди беспрекорно споделување и организирање на информации до сите учесници заинтересирани за овој вид на натпревар.

Науката е нашата иднина и наше мото! На настанот беа присутни и Надица Партикова од општина Струмица, менторите Костадинка Тушева, Елена Депинова, Љубица Гошева, Елена Трајкова, директорката на СОУУД Димитар Влахов, Јасминка Цамбулева поддржувајќи го хакатонот во реално време.

Мартина Димоска беше почестена со доделување на Благодарница и состанокот заврши продуктивно со споделувањата на идеите и искуствата од трите локации.

Едукативната компонента и креативноста на учениците се поддржува и ќе се поддржува во нашата општина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ