Наставничката пријавила во полиција, потрагата по девојчињата од Струмица уште трае!

мај 9, 2023

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на двете девојчиња од Струмица, кои денеска околу 16 часот беа пријавени дека се изгубиле во СВР Скопје.

-Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред трговскиот центар „Веро Џамбо“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, информира МВР.

Станува збор за Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14), кои биле дојдени на еднодневна посета на Саемот за книги во Скопје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ