Нашата струмичанката Драгана Костова повторно го освои жирито во „Ѕвездите на гранд“ и помина директно во следен круг!

мај 8, 2022

Драгана Костова, која потекнува од Струмица на синоќешното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ уште еднаш го воодушеви жирито и публиката.

Костова, која е во тимот на Марија Шерифовиќ, ја пееше песната „Сузе за крај“ од Даница Крстиќ и песната „Тек је 12 сати“ и уште еднаш покажа и докажа дека нејзиното место е токму таму.

Жирито повторно се воодушеви од неа и струмичанката со 6 гласа помина во наредниот круг на „Ѕвездите на Гранд“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: