Драгана Костова, која потекнува од Струмица на синоќешното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ уште еднаш го воодушеви жирито и публиката.
Костова, која е во тимот на Марија Шерифовиќ, ја пееше песната „Сузе за крај“ од Даница Крстиќ и песната „Тек је 12 сати“ и уште еднаш покажа и докажа дека нејзиното место е токму таму.
Жирито повторно се воодушеви од неа и струмичанката со 6 гласа помина во наредниот круг на „Ѕвездите на Гранд“.