Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција во Владата изјави дека со комбе во кое имало девет луѓе допатувала жената која е заразена од коронавирус од Италија.
Патниците кои со неа патувале се од Скопје, и Струмица, а екипи веќе се упатени кај нив за да направат анкета, да се види дали имаат некакви симптоми.
Овие лица ќе бидат во домашна изолација.
„Врз основа со колку луѓе контактирале, ќе се утврди дали ќе продолжи изолацијата или ќе бидат префрлени во одделенијата за надзор“, вели Филипче.
Утре ќе има нови информации на оваа тема.