Добродојдовте дома! Во Турција ги испративме најдобрите, најобучените, најподготвените за справување со една ваква комплицирана и навистина тешка задача.
Вака денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска ги пречека војниците кои беа дел од спасувачките тимови во Турција.
-Ви благодариме што го спасивте младиот Сулејман и што му дадовте шанса да порасне во успешен млад човек. Ви благодариме за вашата пожртвуваност и што покажавте дека секогаш сте подготвени да му служите на нашиот народ, но и да им помогнете и на пријателите кога ќе се најдат во неволја.
Затоа, одлучивме да ве наградиме со исплата од една просечна плата. Она што го имате во вашите срца, она што го вложувате во секој ден и во секоја ваша наредна мисија е причина за гордост!
Нашите мисли и нашите молитви се со турскиот народ и како и досега ќе продолжиме и понатаму да им помагаме, истакна министерката.