Perdormire
Здравје Струмица

НА ИНТЕРНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО СТРУМИЦА ОКОЛУ ЕДНА НЕДЕЛА ПРЕСТОЈУВАЛО ЛИЦЕ СО КОВИД-19!

Струмички интернист на својот фејсбук профил објави информација дека на интерно одделение во Струмица, околу една недела престојувало лице позитивно на Ковид-19. Во коментар граѓаните коментираат дека интерното одделение според здравствените протоколи, треба да биде затворено на извесно време. Инаку, во последните 24 часа се направени 1772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19 од кои 5 нови се во Струмица. Денеска е исто така регистрирано и едно лице оздравено од нашиот град.