НА ИЛИНДЕН ВО РАДОВО ЌЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА „АРЕНА ИЛИНДЕН РАДОВО 2022“ – ЗАБРАНЕТО Е УПОТРЕБА НА ФИЗИЧКА СИЛА ВРЗ КОЊИТЕ!

јули 20, 2022

Почитувани,

Во чест на Св. Пророк Илија на ден 31.07.2022 година ќе се одржи натпреварот/ манифестацијата Арена Илинден Радово 2022.

Право на учество имаат сите заинтерсирани со уплата на котизација од 300 денари по коњ.

Време на почеток на турнирот е 09:00 часот додека ждребувањето ќе се врши во 09:30 часот.

-Секој од натпреварувачите е потребно да има сопствена опрема односно каиши или ланци.

– Мерењето на коњите е задолжително и истото можете да го направите бесплатно во ТОМА – РАДОВО

-Сите натпреварувачи кои претходно го имат измерено коњот задолжително да донесат кантарна.

Сите заинтерсирани за учество можат да се пријават кај :

Ване Ичев: 071312079
Митко Вангелов: 070228064

Правилникот за натпреварување е следниот:

– Без употреба на физичка сила (тепање или удирање на коњите)
-Стазата е долга 40 метри.
-Времетрање за комплетирање на стазата е 3 минути.

-Турнирот ќе се одвива на дотовар во три категории за кои ќе важат истите правила.

– Лесна со учество на коњи до 500 килограми.
– Средна со учество на коњи до 600 килограми.
– Тешка со учество на коњи до 700 килограми.

1. Лесна категорија (до 500кг)

-Прва рунда товарот ќе изнесува 700кг вкупно со вклучена тежинат од санката која изнесува 200кг.

-Сите коњи кои ќе ја завршат стазата во рок од 3 минути се пласираат во втора рунда каде товарот се зголемува за уште 200 килограми или вкупна тежина од 900 килограми.

2. Средна категорија (до 600кг)

-Прва рунда товарот ќе изнесува 900кг вкупно со вклучена тежинат од санката која изнесува 200кг.
-Сите коњи кои ќе ја завршат стазата во рок од 3 минути се пласираат во втора рунда каде товарот се зголемува за уште 200 килограми или вкупна тежина од 1100 килограми.

3. Тешка Категорија (до 700кг)
Прва рунда товарот ќе изнесува 1100 кг вкупно со вклучена тежинат од санката која изнесува 200кг.
-Втора рунда 1300 килограми.
-Трета рунда 1500 килограми.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ