НА ГРЕПКИ ВО СТРУМИЦА СЕ ПАДНАА IPHONE XR И 20.000 ДЕНАРИ!

декември 12, 2019

Сузана Мурова од Ново Село, Струмица е најновата добитничка на мобилен телефон phone XR од инстант лозот Среќен роденден.
Добитниот лоз го купила од среќното продажно место „Ваткос“ во Струмица при прошетка кога решила да си ја проба среќата со само еден лоз. Денес ја потврдивме добивката, а Сузана ни се пофали дека мобилниот телефон ќе биде новогодишен подарок за синот. Да ве потсетиме дека инстант лотаријата Среќен роденден е одличен избор да подарите некому среќа спакувана во еден од примамливите мобилни телефони Iphone XR или Samsung S9, како и многу парични добивки.

Жанко Стоилов од Струмица е добитник на 20 000 денари од инстант лозот Со среќа. За Жанко ова е прва добивка иако секој ден купува Со среќа и Мини и Макси кои му се омилени инстант лозови.Среќниот добитник и неговата сопруга купиле повеќе лозови од различни продажни места низ Струмица и среќата им се насмевнала со 20 000 денари. Како што ни кажаа сега имаат поголема мотивација да купуваат инстант лозови затоа што посакуваат да бидат сопственици на еден од преубавите автомобили од инстант лозот Мини и Макси.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: