Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 7 до 9 јуни 2021 година, со следниот распоред:
1. На 07.06.2021 година (понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
2. На 08.06.2021 година (вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
3. На 09.06.2021 година (среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.