НА 18 ДЕКЕМВРИ ШТРАПАРИЈАДА ВО САРАЈ: НАТПРЕВАР НА КОЊИ ВО ВЛЕЧЕЊЕ ТРУПЦИ!

декември 9, 2022

Штрапаријада е настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци кои тежат до три тони. Овој настан започна во 2006 година во Босна, а набрзо се прошири и во Србија и Хрватска. Главното правило е да се доведат трупците до целта. Овој настан нема традиционална, културна, образовна или уметничка вредност.

Турнирот ќе се одржи и во нашата држава организирано од Џоко Мирчев (Џоканов) на 18 декември со почеток од 11 часот во село Сарај, општина Босилово пред ресторанот „Golden Palace“. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава и богати награди и изненадувања.

Влезот на овој турнир ќе изнесува 150 денари со пијалок.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ