Мусака со тиквички и сос со оригано

Состојки

  1. 1 паковка сос за мусака со тиквици ( јас користев на Магги )
  2. 250гр мелено мешано месо
  3. 1 кромид
  4. 250гр компири
  5. 1голема 230 гр тиквичка
  6. 50 гр нарендан кашкавал гауда
  7. 50 гр ситно мелен пармезан
  8. 300мл вода

Подготовка:

  1. Во кацерола на оган запржете го ситно сецканиот кромид, а потоа додајте го меленото месо.
    Пржете добро нека се зарумени. Излупете ги и измијте ги компирите исецкајте на тркалца, а потоа и тиквицата исецкајте ја на кругови.
  2. Во сад со 300 мл вода разматете го сосот со оригано за мусаката, а потоа додајте го во меленото месо. Мешајте добро. Постепено додавајте ги компирите и тиквиците, промешајте добро, а потоа префрлете ја цела смеса во една тава каде ќе печете.
  3. Печете додека не омекне зеленчукот. Исклучете ја рерната. Пред крајот попрскајте ситно мелен пармезан и рендана гауда. Оставете ја тавата во исклучена рерна, нека се растопи кашкавалот.

Служете топло.
На здравје да ви е.

Автор:

Датум:

јануари 28, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица