Состојки
- 1 паковка сос за мусака со тиквици ( јас користев на Магги )
- 250гр мелено мешано месо
- 1 кромид
- 250гр компири
- 1голема 230 гр тиквичка
- 50 гр нарендан кашкавал гауда
- 50 гр ситно мелен пармезан
- 300мл вода
Подготовка:
- Во кацерола на оган запржете го ситно сецканиот кромид, а потоа додајте го меленото месо.
Пржете добро нека се зарумени. Излупете ги и измијте ги компирите исецкајте на тркалца, а потоа и тиквицата исецкајте ја на кругови. - Во сад со 300 мл вода разматете го сосот со оригано за мусаката, а потоа додајте го во меленото месо. Мешајте добро. Постепено додавајте ги компирите и тиквиците, промешајте добро, а потоа префрлете ја цела смеса во една тава каде ќе печете.
- Печете додека не омекне зеленчукот. Исклучете ја рерната. Пред крајот попрскајте ситно мелен пармезан и рендана гауда. Оставете ја тавата во исклучена рерна, нека се растопи кашкавалот.
Служете топло.
На здравје да ви е.