МУ ОДЗЕЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА И МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН НА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК – УАПСЕНИ ДВЕ ЛИЦА ОД БАНИЦА

август 19, 2023

На 19.08.2023, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода С.С.(44) и Д.Ј.(33), двајцата од с.Баница, струмичко, затоа што претходно физички нападнале полициски службеник при вршење службени дејствија и му одзеле службена легитимација и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: