Штипската апелација донесе нова пресуда за момчето кое ја прегази Верица Белчовска. Казната е зголемена на 30 месеци, односно две ипол години. Мајката на Белчовска и адвокатот не се задоволни од пресудата, сметајќи дека за вакво дело оваа казна е многу мала.