МЛАДИТЕ ДЕВОЈЧИЊА И МОМЧИЊА ОД ТУРСКОТО МААЛО СЕ СОБРАА НА ЕДНО МЕСТО ДА ГИ ИЗБЕРАТ НАЈУБАВИТЕ МЕЃУ НИВ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ВЉУБЕНИТЕ!

февруари 15, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Младоста, убавината и љубовта најчесто одат заедно и се причина за многу прекрасни доживувања и дружења.

Токму тоа и се случи вечерва .

Празникот на вљубените Св. Валентин беше поводот на едно место да се соберат младите девојчиња и момчиња од Турското маало во Струмица и да ги изберат најубавите меѓу нив.

Честитки за најубавите, нека трае оваа традиција уште долго и славете ја младоста и убавината, бидете среќни и весели.

Во нашето Турско маало знаат да слават и да се веселат, но знаат да бидат храбри и пожртвувани. Им благодариме за нивниот претставник Шакир кој беше дел од спасувачката мисија во Турција и се е уште таму за да му помага на својот народ.

Благодариме на вниманието на нашето Турско маало и нашите браќа Турци.

Да сте живи и здрави.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ