Perdormire
Струмица

МЛАДИНАТА ВО СТРУМИЦА СЕ КРЕВА: СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО ПЕТОК НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ И ЗАСТАРЕНИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ!

Овој петок и секој нареден ќе се одржуваат мирни протести на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица. Овие протести ке траат во период од 11-15h. Средношколците ги замолуваат сите оние што се заинтересирани и секој што има свои ставови во врска со загадувањето и застарениот образовен систем, да бидат присутни на протестите со цел споделување информации или искуства со справување со енормното загадувањето и застарениот образовен систем и заедно да се изнајдат решенија и мерки против нашите проблеми.