Млади струмичани кои воодушевуваат со своите вокални способности: Некои од нив го покорија и Балканот!

јануари 30, 2023

Некои веќе го обезбедија своето место на естрадното небо, други допрва се борат за него…

Доколку порано беше многу потешко една млада личност да се пробие и да обезбеди свое место на естрадното небо, денес тоа е многу полесно. Тука се социјалните мрежи, кои се одлични за самопромоција, каде е доволно само да се биде различен, но никако не смееме да ги заборавиме и музичките натпреварувања – како македониските, така и оние регионалните.

Влатко Лозаноски, Александар Тарабунов, Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Александар Белов, Сара Мејс и многу други се само дел од познатите кои ги искористија своите 5 минути популарност и денес можат да се пофалат со долгогодишни музички кариери. Токму тие се доказ дека музичките натпреварувања, па дури и оние македонските, навистина можат да ѝ помогнат на една млада личност да го оствари својот сон.

Во последно време, во Македонија не се организираат музички натпреварувања, каде младите надежи би ги покажале своите квалитети, па така многу од нив се решаваат тоа да го направат во соседна Србија. Моментално најактуелно е музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, но не смееме да го заобиколиме ниту „Ѕвездичките на Пинк“. Во овие две натпреварување се претставија навистина квалитетни изведувачи, а ние денес решивме да ви ги издвоиме оние кои доаѓаат од Струмица, градот кој помеѓу Македонците е познат по најдобриот ноќен живот.

Целосниот линк може да го погледнете со кликнување ОВДЕ.
ИЗВОР: Хаштаг

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ