МИТКО БОЈАЏИСКИ ПОВТОРНО ДО ВАНЧО РИСТОВ-ПАТРИКОВ: Не се сомневајте дека надлежните органи ќе бидат известени за овој случај!

март 11, 2020

МИТКО БОЈАЏИСКИ:

ИЛИ МАФИЈА?

Прво: Господине Ванчо Ристов Патриков, Вие имате раководна функција во НУЦК „Антон Панов“. Имате и раководна функција во камерен фестивал ,,Ристо Шишков“, кој пак е силно врзан за фамозната НЕТА. Но, дали тука не се крие судир на интереси? Па се префрлаат влијанија од НЕТА во камерниот фестивал, од НЕТА во репертоарската политика на театарот? Овие три години гледаме личности од ергелата на НЕТА како режираат во струмичкиот театар, на фестивалот ги зимаат главните награди, за другите награди ич да не зборуваме, а давате по десетина награди што е трагикомично! Точно во овој момент во театарот режира еден режисер од ергелата на НЕТА по втор пат за три години! Ова, господине Патриков асоцира на бизнис, на разбирачка… Можеби затоа сте толку бескруполозен кон мене! Можеби затоа толку многу ви пречам! И конечно, можеби затоа фестивалот „Ристо Шишков“ дојде до тоа дереџе!

Второ: Вие сте в.д. директор во НУЦК „Антон Панов“ и на таа функција законски имавте право да бидете најмногу двапати по шест месеци. Вие сте веќе шест пати по шест месеци. Значи имате многу јак грб, а ете има и кој да ви потпишува, да претпоставиме ли дека тоа е министерот? Блазе си ви! Како Македонија да е во воена состојба и се суспендирани законите, па морате да бидете вие оти сите други се на фронтот!

Вие законски не смеете да бидете на директорската фотелја. Вие сте узурпатор на фотелјата. Вие незаконски седите на таа фотелја. И од таа позиција, вие одлучувате за нас уметниците. На мене лично ми имате нанесено голема штета. Вие како узурпатор, како незаконски седач на фотелјата, три години ми нанесувате голема штета. И сега шпартам во Скопје од Министерството за култура до Владата и назад со транспарент во раката поради вашата лакомост и арогантност, но ќе го направам тој напор, можеби нешто и ќе променам во овој застоен ѓољ!

Не се сомневајте дека надлежните органи ќе бидат известени за овој случај. А можеби и грбот ќе реши дека „ојдел возо у чиничката“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: